QIKA, организацијата за застапување на правата на жените и за афирмација на феминистички вредности и за еднаков и подобар свет за сите од Косово, вчера со протести пред студиото каде што се снима и од каде што се емитува реалното шоу Големиот брат ВИП, побараа оваа програма веднаш да престане продукцијата на оваа енммиција простор за создавање и работа за подобар и еднаков свет за сите.
До реакцијата на активистките дојде откако програма Големиот брат ВИП покани во шоуто личности за кои се докажани повторени примери на насилство, сексуално вознемирување и кои се промотори на екстремно сексистички и хомофобични дискусии.
Според QIKA публиката остана шокирана кога продукцијата донесе лице обвинето за насилство врз жена. Косовскиот продуцети на шоуто, твтрдат од QIKA, со цел спектаклот да му обезбеди кликови ги стави жртвата и силувачот под еден покрив. Ова е неприфатливо и нема да се толерира, велат од QIKA.
Оваа одлука не само што ги крши правата на жртвите, туку го нормализира насилството врз жените, истакнуваат од QIKA и ја повикуваа Независната Комисија за медиуми на Косово да преземе итни мерки за запирање на телевизиското емитување на оваа програма.