Во Скопје вчера се одржа по петти пат Парадата на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Во Битола граѓани вчеравечер како одговор на Парадата на гордоста по третпат маршираа на настанот „Вистинска парада на гордоста“.
Тие почнаа од плоштадот „Магнолија“, каде пред присутните организаторот Игор Петковски ги сподели начелата на маршот, граѓаните со знамиња со Исус продолжија низ Широк Сокак и завршија пред Офицерски дом.
Дом, семејство, деца, родители – мајка и татко!, загарантирана иднина, вредности дадени од Бога и вредности по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генерации после нас во духот на нашата православна христијанска вероисповед, беше мотото под кое продефилираа низ улиците на Битола.