„Секогаш сакам да верувам дека постојат луѓе коишто прават промени и се дружам со такви. Морам да кажам дека проектите се се повеќе прифатени не само од јавноста и помогнати од Министерството за култура, туку се помогнати од Хотелите Ибис, МКЦ и тн. Но, секогаш, како и во секоја работа, има одредени работи коишто не излегуваат онака како што ние сме планирале. Кога ја имаме крупната слика и знаете дека децата и проектот го заслужуваат најдоброто, сите работи си доаѓаат на вистинското место“, рече Маја Димитрова, едукатор во Националната Галерија во утринската програма на Слободен Печат.
Таа изрази благодарност до сите луѓе коишто ги уважуваат децата и проектите. Забележана е огромна посетеност на училиштата на сите изложби на Националната Галерија.
„Многу ми е драго што децата коишто дошле еднаш, стануваат дел од културните случувања. Нема поголема награда за нас како институција дека Галеријата постојано пулсира со детски џагор“, потенцираше Димитрова.
Димитрова дополни дека завршуваат работилниците за изработка на лампиони коишто на крај ќе бидат изложени на базарот во средното училиште за посебни потреби „Наум Охридски“, средствата ќе бидат наменети за тоа училиште.
„Да го негуваме нашиот морален компас, и да бидеме многу повеќе луѓе кон сите“, заклучи Димитрова.