Девет бугарски навивачи се уапсени во Скопје пред почетокот на натпреварот меѓу Фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје и Левски од Бугарија, информура Фронтлајн.
МВР соопшти дека бугарските државјани се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир.
– Од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. , се вели во соопштението на МВР.
Video Player
Од ЦИВИЛ – Центар за слобода изјавуваат дека со загриженост ја следат ситуацијата и изразија крајна згрозеност од екстремниот говор на омразата.
“Ова што го гледаме на спортските трибини, претставува своевидно киднапирање на спортот за потреби на екстремниот национализам. ЦИВИЛ бара од релевантните институции во нашата земја, како и во Бугарија, да го санкционираат ваквото однесување на спортските терени.“
Video Player
Претходно, новинарот и уредник во ЦИВИЛ Медиа – Дерхан Муратов објави текст со наслов „Да за спортско, не за националистичко навивање!“.
„Навивачите на бугарскиот клуб Левски уште не пристигнати на фудбалскиот натпревар меѓу Левски и Шкупи, веќе на социјалните мрежи почнаа да провоцираат дека ќе го запалеле македонското и албанското знаме на трибините на стадионот „Тодот Проески“ во Скопје. Но, покрај провокациите, тие и се закануваат дека околу 19 часот ќе дошле како што велат пред споменикот на „бугарскиот цар Самуел“ на плоштадот „Македонија“ и „ќе чекале“. А кого „ќе чекале“ бугарските националисти облечени во хулигански маички кои веројатно (ќе) сакаат да предизвикаат етнички тензии кои ќе им одат во прилог само на бугарските (и на дел од македонските) политичари кои го кочат патот на Македонија кон Европската унија“.
Бугарските навивачите хулиганството првично го започнаа во скопската населба Чаир, поточно на улицата кај џамијата „Јахја Паша“, напаѓајќи и демолирајќи автомобили и случајни минувачи.
Потоа пред почетокот на натпреварот надвор од Градскиот стадион продолжија со вербално и физичко насилство, додека внатре во стадионот пееја песни против Македонците и Албацните: „Уби, уби, уби Ш*птара“.
Video Player
Секој чин на деструктивно однесување, не носи никому добро, освен на тие што се служат со ова подмолно средство за валкани цели.
Говорот на омразата и делата од омраза се меѓусебно поврзани и претставуваат закана за човековите права и слободи, но и за развојот, безбедноста и стабилноста на едно демократско општество.
Марта Пешевска и Дестан Јонузи (Frontline)