(ВИДЕО) Ердоган ја „искара“ Мелони да не пуши, Макрон се вмеша: „Тоа е невозможно!“

На маргините на мировниот самит за Газа во Египет, камерите снимија необична сцена меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, италијанската премиерка Џорџа Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон.

Со насмевка, Ердоган ѝ се обрати на Мелони:
„Изгледаш одлично. Но морам да те натерам да престанеш да пушиш.“

Макрон, кој стоел до нив, веднаш реплицирал:
„Тоа е невозможно!“

Мелони, пак, со доза на иронија одговорила:
„Знам, знам. Не сакам никого да убијам.“

Разговорот брзо стана вирален на социјалните мрежи, а корисниците ја пофалија спонтаноста на тројцата лидери.

Во една неодамнешна книга базирана на интервјуа, Мелони откри дека повторно почнала да пуши по 13 години пауза – и призна дека цигарите, иако лоша навика, ѝ помогнале да се поврзе со други политичари, меѓу кои и тунискиот претседател Каис Саид.

Зачлени се на нашиот е-билтен