Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Еве што порача ирскиот премиер Варадкар за евроинтеграцијата на Македонија

Во видео пораката до македонската јавност, Лео Варадкар, премиерот на Ирска истакнува дека „Ирска целосно го поддржува барањето на Северна Македонија да стане членка на Европската Унија“.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост пораката на ирскиот премиер дадена веднаш по средбата со претседателот на Владата Ковачевски на самитот во Гранада:

Ние се приклучивме на ЕУ пред 15 години, бевме неразвиена држава, дури и релативно сиромашна држава, според европски стандарди. Приклучувањето на ЕУ ни помогна да ја трансформираме нашата економија, да ја надградиме, за да можат младите да останат дома и да ги градат своите животи таму, како и да откријат и други можности.

Покрај тоа, сметаме дека членството во ЕУ ни помогна да го заштитиме и сочуваме нашиот национален идентитет. Многумина во тоа време велеа дека Ирска ќе биде проголтана од големата Европска Унија, но Унијата не функционира така. Таа ги почитува националните идентитети и диверзитетот. И со нетрпение очекувам Северна Македонија да се приклучи на семејството на ЕУ што е можно побрзо. Со среќа.

Најново