Некогашното „Езерце“ во Градски парк веќе не постои. Објектот што со години стоеше распаднат и испишан со графити е урнат, а на неговото место градските власти најавија детско игралиште со пешачки патеки, рекреативни реквизити, зеленило и урбана опрема., но според видеото кое ви го објавуваме е панаѓурска слика отколку централно место во главен град со парк кој има 2 века традиција.
Езерце беше со декади култно место за Скопјани, место за пиење кафе, вусна храна, одмор од градската гужва и емотивен спомен на едно време.
Комплексот ресторан „Езерце“ во Градски парк е изведен во 1999 година. А самата локација кај скопјани има и постаро значење, поврзано со железничката станица на „Ќиро“, со неделните излегувања и со едно поинакво користење на паркот.
Кога објектот веќе влегол во фаза на пропаѓање, во 2014 година се отвори обид за нов почеток. Општина Центар организираше конкурс за архитектонско-урбанистичко решение за ресторан „Езерце – Градски парк“, а подоцна беше избран и победнички труд. Во образложенијата за решението стоеше дека новиот проект треба да сочува дел од спомените на стариот објект. Но конкурсот остана без реализација. Девет години подоцна, МАРХ потсети дека избраното решение не беше изведено, иако интересот тогаш бил голем и биле доставени 26 труда.
Сега ова ќе биде на позицијата на старо езерце. Реквизити од минатиот век и нешто што потсеќа на кич и ефтина паланечка забава отколку централна локација на главен град.