Најмалку девет лица загинаа, а петмина се водат како исчезнати во катастрофалните поплави што го зафатија централниот дел на Виетнам, соопштија денеска властите. Според податоците на службата за цивилна заштита, најмалку 11 лица се повредени, додека бројот на евакуирани постојано расте.
Силните дождови, кои не престануваат со денови, најмногу го погодија туристичкиот регион што ги опфаќа градовите Хуе, Да Нанг и Хој Ан. Националниот метеоролошки центар соопшти дека во Хуе и Да Нанг денес се очекуваат повеќе од 400 милиметри врнежи, со што вкупното количество дожд во последните два дена ќе надмине 1600 милиметри.
🇻🇳 The former imperial city of Hue found itself flooded after record rainfall in #Vietnam. Nearly two metres of water fell in just 24 hours – a record that had been standing since 1999. pic.twitter.com/z37CqVIpBk
— FRANCE 24 English (@France24_en) October 28, 2025
„Дождот би требало да стивне утре, но нивото на водата е сè уште многу високо и ќе бидат потребни најмалку два дена за да се повлече,“ изјави жителот Хоанг Нго Ту До за агенцијата ДПА.
Во Хуе, поранешната царска престолнина, улиците се целосно под вода, делови од градот се без струја, а училиштата се затворени. Армијата распореди над 6.000 војници за евакуација на повеќе од 3.200 жители.
Во крајбрежниот град Хој Ан, познат по шарените фенери и впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО, водата достигнува до колена, а локалното население низ улиците се движи со чамци.
