Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО: Група деца фрлаат и кршат во недоградена зграда во Ѓорче Петров

Во населбата Ѓорче Петров, група деца на возраст до 10 години провалиле во недоградена зграда, правејќи хаос низ целиот објект.

Според очевидци, малолетниците кршеле и фрлале дрвени предмети и гласно викале, без да внимаваат на можните последици. Освен тоа, децата почнале да корнат делови од фасадата, предизвикувајќи дополнителна штета на веќе незавршениот објект.

Она што предизвика најголема загриженост кај жителите од соседните згради е целосната отсутност на родителите.

-Децата се оставени сами на себе, а тоа е веќе сериозен проблем. Родителите ниту ги надгледуваат, ниту ги воспитуваат, коментира еден загрижен граѓанин.

По видрото во кое поголеми деца кршеа игралиште во Капиштец, ова е само уште еден пример за потребата од подобра контрола и поголема одговорност од страна на родителите.

Најново