Иако сите знаеме дека во Клиничкиот центар владее секојдневен хаос, а раководството не се ни обидува да го реши, сепак денеска во тој хаос од возила е заглавено и возило на Брзата помош кое треба да излезе во пресрет на пациент.
Чекај сега, нели Шилегов беше виновен за хаосов? Затоа и го сменивме пред три години. pic.twitter.com/nijLNbpB84
— Цандо Македонски (@CandoMakedonski) October 17, 2024
Главна причина за ова е недоволниот број на паркинг места во и околу Клиничкиот центар, а пациентите понекогаш и во лоша здравствена состојба се принудени да пешачат од подалеку