(ВИДЕО) Хаос во Солун, експлодираше цевковод 4 повредени

Обвинителството во Солун отвори истрага за работната несреќа што се случи за време на градежни активности за поврзување нов водоводен цевковод на градската водоводна компанија ЕУАΘ (EYATH), на улицата „Агиу Димитриу“. Во инцидентот се повредени четворица работници од екипата што работела на терен, а целта на истрагата е да се утврдат точните околности и дали постојат елементи за кривична одговорност.

Според информациите што ги објавија грчките медиуми, несреќата се случила во раните утрински часови на 26 јануари. Повредените биле пренесени во дежурна болница, каде тројца добиле прва помош и биле пуштени на домашно лекување, додека четвртиот работник останал на болничко лекување.

Налогот за истражните дејствија, според објавеното, го дал раководителот на Обвинителството при Апелацискиот суд во Солун, Леонидас Николопулос, со задача да се провери дали при изведбата на работите биле почитувани безбедносните процедури и дали несреќата е последица на пропуст што може да се квалификува како казниво дело.

Зачлени се на нашиот е-билтен