Пленарната седница на албанскиот законодавен дом доцна попладнево почна тензично, со физичка пресметка меѓу пратеници на опозицијата и на мнозинството.
Расправијата ескалираше кога пратеникот Бледион Налбати од Демократската партија физички го нападна Вулнет Сина од Социјалистичката партија, пишува Косова прес.
Претседателката на Собранието, Линдита Никола побара од пратениците на Демократската партија да седнат во своите фотелји и седницата да се одвива нормално, но тие категорично одбија со собирање и блокирање на говорницата.
Припадници на Националната гарда веднаш се распоредија околу говорницата, над која се наоѓаат и столчињата каде седат претставниците на Владата.
Во меѓувреме, Собранието презеде мерки против пратеникот на Демократската партија, Бледион Налбати, и му нареди да ја напушти собраниската сала, но тој одби.
Откако состојбата стана уште потензична, претседателката на Парламентот ја прекина седницата, исто како и претходната, кога 45 опозициски пратеници, приврзаници на Сали Бериша ја блокираа говорницата, но и просторот определен за претставниците на Владата.