Со интонирање на македонската химна и со свечени почести според протоколот на Шпанската кралска гарда, започна средбата на амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Шпанија Едмонд Адеми со кралот Фелипе VI.
“На почетокот на 2024 година на средба со Кралот на Шпанија Фелипе VI . Пријатен и пријателски разговор. Оваа година славиме 30 години дипломатски односи. Шпанија е голем поддржувач и пријател на Република Северна Македонија“, објави на социјалните мрежи амбасадорот Адеми.
„Одлични билатерални односи, и многу простор за продлабочување на динамиката и зајканување на соработката во многу области“, напиша во својот текст на соц мрежите амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Шпанија Едмонд Адеми по повод средбата со кралот Фелипе VI.