Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО: Министерката за финансии се пожали дека немале кафе на работа, па морале сами да купуваат

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска откри детали за тоа како функционира Министерстово откако таа раководи со него.

Таа порача дека во Министерството немале ниту кафе, туку самите си го купувале, а лично министерката гледала тоа да биде поевтино.

Економичната министерка за финансии, дури и лично правела контроли каде беспотребно светело светло во одредени канцеларии во Министерството.

„Ми се случи два три пати навечер да правам контроли и да гасам светла навечер кога забележував дека имавме светло во некои канцеларии и се прашував што се случува и во 11.30 навечер влегував да проверам зошто светат канцелариите“ вели Кочовска во видео интервју.

И додека министерката за финансии штеди купувајќи поевтино кафе и гасејќи светла, новата Влада доби повеќе министерства, се воведе заменик на заменикот министер во Царина, како и нови национални координатори.

Макроекономија и фискални политики. Стратегии за раст на економија преку иновации и претприемништво.

Најново