Внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, односно односно промената на овој највисок државотворен акт е важно од две причини, вели во интервју за Рацин.мк министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Прво затоа што дава насока како ќе се постават македонско-бугарските односи долгорочно во иднина. Додека се обидуваа, Република Бугарија пред сѐ, тие односи да ги става во историски контекст, ние најдовме решение дека тие односи ќе се постават на начин на комуникација меѓу две заедници, мнозински македонски народ и малцинска бугарска заедница, коишто живеат во еден нормален соживот во Република Северна Македонија. Така ќе се трасира и патот на односите меѓу двете земји, на двата народа – нагласува министерот за надворешни работи БУјар Османи
Решавањето на ова прашање на ваков начин, истакнува Османи е важно за втората причина, односно за да продолжи процесот на преговори за членство во ЕУ.
– Ние ќе мора да постигнеме надпартиски консензус, да ги оставиме оставиме интересите на дневната политика, да седнеме и да ги анализираме сите аспекти про ет контра за уставните измени. Ве уверувам дека и на експертско и на политичко ниво, и на било кое друго ниво, ќе доминираат аргументите „за“ за уставните измени бидејќи тие се во наш интерес – потенцира во интервјуото за Рацин.мк министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Интервјуто со министерот Османи, во кое разговаравме и за други прашања како што се улогата на Северна Македонија како претседавач на ОБСЕ во реинвентирањето на архитектурата на светската колективна безбедност, консолидирањето на македонско-бугарските односи и улогата на САД во тој процес, како и аспектите на регионалната стабилност од дијалогот Белград-Приштина, интегрално ќе го објавиме утре, сабота, 3 март, на порталот Рацин.мк.