Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Настан што предизвика бурни реакции, седум кутриња фрлени во контејнер

Вработените во КЈП „Водовод“ во Кочани, задолжени за собирање и складирање на отпадот, денес се соочија со шокантна глетка. При нивната редовна работа, во контејнер за отпадоци пронајдоа вреќа со седум мали живи кутриња, фрлени на нехуман начин заедно до другото ѓубре.

Овој настан предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, со многу коментари за неодговорноста и нехуманоста кон животните.

„Каков народ сме ние да фрламе кученца врзани во кеса?“, „Каде ќе им оди душата…“, се само дел од реакциите.

Од претпријатието нагласија дека секојдневно се соочуваат со отпад за кој не се задолжени да го собираат, како градежен шут, електронски и медицински отпад, но овој случај ги надминал сите граници.

Апелите за одговорност и грижа кон животните се зголемуваат, а случајот останува отворена тема во Кочани и пошироко.

Видео: Радио Кочани

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново