„Фактот дека сме мала држава се покажа дека не е обесхрабрувачки за да бидете важен на меѓународната сцена. Тоа значи дека доколку имате вредности и рефлектирате вредности, тоа светот го препознава и ве вклучува за да ги обликувате прашањата и на светско ниво. Тоа е приказната на Република Северна Македонија“, вели во интервјуто за Рацин.мк
– Една мала држава, од тежок регион денеска ја претседава најголемата регионална безбедносна организација во светот која се протега од Ванкувер до Владивосток со 1,3 милијарди жители, 57 земји учеснички, од САД и Канада од една страна, преку сите земји на НАТО и ЕУ, Руската Федерација и централно-азиските земји – зборува за улогата на Северна Македонија министерот Османи.
Османи нагласува дека тоа што косовско-српскиот дијалог се префрлува во Охрид, или што Молдавија, односно Кишињау и Трансњистрија преговорите ќе ги продолжат во Скопје, зборува за новата улога што ја има Северна Македонија којашто покажува пример како се градат вредности.
Запрашан дали со то Северна Македонија учествува во процесот да се врати довербаата во мултилатерализмот наспроти на биполарноста, Османи вели „ние сме држава којашто верува и инвестира во мултилатерализмот“.
– Сметаме дека мултилатерализмот ги заштитува вредностите и интересите на помалите земји. Нашето вклучување во тие платформи, меѓу кои освен претседавањето со ОБСЕ, Северна Македонија оваа година претседава и со А5 Јадранската повелба, претседаваме и со процесот за соработка на Југоисточна Европа, ние сме членка на НАТО, преговараме за членствио во ЕУ, значи дека учествуваме во најважните мултилатерални органи и платформи во светот и дека ние сме важен чинител бидејќи веруваме во мултилатерализмот и тоа е еден од приоритетите во нашата надворешна политика – потенцира министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Рацин.мк.