ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ. Ова што денес го видовме на седницата на Комисијата за надзор над работата на АР и АНБ е чист доказ дека бегаат од соочување со јавноста, изјави на прес конференција пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.
„Злоупотребувајќи го мнозинството тие денес спречија одржување на седница и расправа за прашањата чии одговори ги чека цела јавноста, и домашната и меѓународната“, истакна пратеничката.
За Петровска „денешното однесување на власта покажува само едно, тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократски капацитет за владеење на правото“.
„Казна е за Република Северна Македонија, вакво недемократско мнозинство да спроведува реформи на безбедосните служби“, предупреди пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.