Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Популацијата дивокози на Галичица го преживеа пожарот, но сега им се закануваат ловокрадци

Волонтерите на АК Патагонија и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service, во координација со National Park Galicica споделија со јавноста убавата вест, дека и покрај сериозните последици по големиот пожар кој ја зафати Галичица во август годинава, сепак популацијата на балканска дивокоза (Rupicapra rupicapra Balcanica) е сѐ уште тука и тврдокорно се држи до своето автохтоно живеалиште.

„Се радуваме на нејзината упорност и во иднина ќе посветиме уште поголемо внимание и мерки за нејзино зачувување, особено од несовесните луѓе, кои очигледно претставуваат поголема закана за живиот свет во однос на природните катастрофи, кои се почесто не погодуваат поради климатските промени“, напишаа на социјалните мрежи волонтерите.

Истовремено, посочуваат тие, за жал денес, додека волонтерите ги контролираа камерите и собраниот фото и видео материјал, на просторот кој е карактеристичен за балканската дивокоза, биле регистрирани три лица, очигледно ловокрадци, судејќи според оружјето кое го носеа, како и од неколку испукани истрели од огнено оружје.

За случајот волонтерите ги известиле одговорните од ренџерската служба на НП Галичица и полицијата.

Волонтерите на АК Патагонија и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service, во координација со National Park Galicica веќе година и пол вршат постојан видео мониторинг во делови од паркот, каде е забрането секакво присуството и активност на луѓето. Идејата е да се постават камери на најоддалечените и тешко пристапни терени, со цел мониторинг на ретките видови, но и на евентуалните недозволени активности на луѓето во зоните со строга заштита.

Зачлени се на нашиот е-билтен