Социјалдемократската младина на Македонија и СДСМ, како општествено одговорна партија, денеска спроведoa голема акција за пошумување на повеќе локации, соопштија денеска од партијата.
Локациите се избрани согласно анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд а се опфатени и локации зафатени со пожари во изминатите години.
Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, членови, активисти, млади, пратеници, на 5 различни локации ширум републикат а засадија над 10.000 дрвја (садници).
Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции.
Пошумувањето е значајна и општетсвено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест.