Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВИДЕО) Прилепски основци со краток документарен филм за Народниот театар

Ученици од основно училиште во Прилеп направиле краток документарец за прилепскиот театар.

Како што се наведува во најавата за документарецот, краткометражниот документарен филм е проект на учениците од ОУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

Тоа е проектна настава во рамките на наставниот предмет македонски јазик. Учениците имаа задача да направат документарен филм, откако научија што е тоа документарен филм.

„Во предвечерието на денот кога за прв пат се одигра ,,КИР ЈАЊА” во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, Среќен роденден Чернодринци! Нека се множат годините и догодина во НОВ ТЕАТАР да ве гледаме! Еве го нашиот подарок, сработен од моите ученици, со љубов и почит кон вас!“, вели во објава на Фејсбук наставничката Јулијана Талеска.

Сценарио: Бојана Гаралоска VIII – 4. Логистика: Душица Илиеска VIII – 4. Монатажа: Андреј Димовски VIII – 4. Снимање: Стефан Спиркоски VIII – 4, Младен Бундоски VIII – 4. Наратор: Теодора Малкоска VIII – 4 Голема благодарност на: Театарот „Војдан Чернодрински“, Домот за култура „Марко Цепенков“, Димитар Црцороски, Александар Тодески, Димитар Вандески, Илија Волчески, Димитар Ѓеорѓиоски, Ленче Бумбароска-Радосавлјевиќ, Каролина Мицевска, Бојана Артиновска. Извори: Монографија „Живот, сцена, игра“ – Иван Ивановски, 2000. Фотографии од монографијата Приватни фотографии од актерите, од фотографката Бојана Артиновска. музика: Фолтин, „Симултан бакнеж“ – употребена за некомерцијални цели.

Ј. Ѓ. (Фронтлајн)

Најново