Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВИДЕО) Сарачини: Ако не влеземе во ЕУ, ќе ни се случи не само „бугаризација“, туку и „србизација“ и „албанизација“

Ние ако не влеземе во Европската унија, тоа што некои пропагандистички наративи ги слушавме за „бугаризација“ на земјата – нам навистина ќе ни се случи „бугаризација“, затоа што ќе продолжи голем дел од граѓаните на земјава да земаат бугарски пасоши, рече Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика ИМА во неговото гостување во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

„Ако напредува Србија, ако напредува и Албанија, ќе ни се случи и „србизација“, ќе ни се случи и „албанизација“ на земјава, затоа што многу граѓани, нели, од економски причини ќе рече некој, ќе земат и албански пасоши, ќе земат и српски пасоши. Таква перспектива ние сакаме за земјава“, истакна Сарачини во дебатата со поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Извор: СМК.МК

Зачлени се на нашиот е-билтен