Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Се зголемува бројот на загинати во железничката несреќа во Грција, поголемиот дел биле студенти

Најмалку 36 лица го загубија животот, а 66 лица со повреди се хоспитализирани во грчките болници по синоќешниот судир на патнички и товарен воз кај месноста Темпи. во близина на грчкиот град Лариса.

Грчките медиуми објавија дека меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома во студентските кампуси.

Според официјалните информации од портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис операцијата за пронаоѓање на исчезнати е во тек и акцијата е фокусирана на првите три вагони.

Со помош на специјални кранови се отстрануваат делови од возот за да се создадат услови за целосен пристап во вагоните.

Интервенираат 150 пожарникари со 17 возила, четири кранови, а на располагање се 30 возила на брзата помош.

Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз. Според сознанијата, возовите се движеле со брзина од 160 км на час.

Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар. Првиот вагон од композицијата веројатно е целосно изгорен, а биле извлечени и јагленосани тела.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за една од поголемите, ако не и најголемата железничка несреќа во Грција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција. Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје и одложени се сите јавни настани. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново