Жител на Прилеп додека ја чекал сопругата во прилепската болница ги снимил хидрантите во болницата откако увидел дека ниту еден од нив нема протовпожарно црево.
По објавувањето на видеото, му пришло обезбедувањето на болницата, кое спроед неговото сведоштво, го фатило за врат и му повикало полиција, објави „Инфомакс“ и го објави видеото.
„Сликав, снимав и објавив на социјалните мрежи и по 10 минути дојдоа сестри, ме прашаа зошто сум објавил, го објавив и еве сега викнаа обезбедување со комбе и не ме пушташе обезбедувањето да заминам, ме фати за врат. Немаше лица никаде на видеата, секаде беа отворени хидрантите. Обезбедувањето викна полиција, даде изјава, во Прилеп, во болницата Борка Талевски“, истакна гледачот во своето обраќање.