Српската напредна странка денеска го прославува својот 16-ти роденден, а овој пат прославата се одржува во „Милениумскиот центар“ во Вршац. Пристигнува и српскиот претседател Александар Вучиќ, а градот е под опсада.
Сообраќајот на некои улици е прекинат, часовите по музичко училиште за деца се откажани, а присуството е задолжително за сите вработени во јавните претпријатија и институции, пишуваат денеска дел од медиумите во Србија.
Веќе пристигнаа колони од автобуси. Донесени се граѓани од Нови Сад, Жабље, Чуруг, Каќе, Панчево…
На Фејсбук страницата на Војводинскиот фронт е објавено видео на кое се гледа на колона автобуси и на граѓани како им се делат сендвичи од багажникот.