„Горан Герасимовски како градоначалник е најдоброто решение за Центар“. Ова го порача неговата поранешна професорка по социологија од Филозофскиот факултет, која се огласи преку видео објава на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Facebook.
Универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова, која го познава Герасимовски уште од студентските денови, вели дека уште тогаш се истакнувал по своите знаења, аналитичност и по тоа што ја развивал својата „социолошка имагинација“.
„Горан Герасимовски бил мој студент на социологија на Институтот при Филозофскиот факултет. Морам да кажам дека уште тогаш се истакнуваше како студент со своите знаења и ја развиваше социолошката имагинација“, изјавува таа.
Во своето видео обраќање, професорката нагласува дека како градоначалник, Герасимовски знае да ги препознае и вистински да реагира на клучните општествени феномени што ги засегаат граѓаните, од образованието и културата, до социјалните појави и современите девијантни трендови.
„Како градоначалник, тој ги потенцира оние феномени што би рекла социолошки и општествени, умее да ги препознае и веднаш да реагира за нивно решавање. Посебно се истакнува во делот на образованието, културата и решавањето на проблемите што ги засегаат граѓаните на Центар,“ додава професорката Стојаноска Иванова.
Таа потсетува дека Герасимовски како градоначалник успеал да внесе ред, структура и грижа за секој аспект од општествениот живот во Центар.
„Го среди Центар, се грижи за секој општествен феномен во општината и затоа сметам дека Горан како градоначалник е најдоброто решение за Центар,“ заклучува таа во видеото.