Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Танцот на Трамп е хит на Тикток

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател како дел од својата изборна кампања, гостуваше во подкастот на популарниот стример Адин Рос на платформата Кик и танцуваше на песната YMCA од Village People, која често ја пушта на предизборните собири каде знае и да танцува користејќи ги истите потези како во видеото.

Во еден момент, интервјуто имаше 583.000 прегледи и со тоа стана најгледаното интервју на стримерот, а Трамп на Тикток се пофали дека тоа е најгледаниот стрим во историјата и објави клип во кој танцува со Рос покрај Тесла Сајбертрук.

Видеото од неговиот танц го погледнале повеќе од 26 милиони луѓе и собра 4,3 милиони лајкови, а многумина ги коментираа потези на Трамп. „Танцувањето е нешто посебно“, „Сигурно го болат рацете“ и „Ова е лудо“, се дел од коментарите.

Најново