[Видео] Ужасна сообраќајка во Кисела Вода

Уште една сообраќајна несреќа ја потресе скопската улица „Јустинијан Први“ во Скопска Кисела Вода: автомобил излета од коловозот и заврши во двор на приватна куќа. Среќа во несреќа – нема повредени, но вознемирените жители предупредуваат дека утре жртвите може да бидат нивните деца или родители.

Според отворено писмо објавено на социјалните мрежи, локалците со години апелираат дека оваа сообраќајница се користи како автопат. „Колку животи треба да се изгубат за конечно да се преземе нешто?“, прашуваат тие, обвинувајќи ги надлежните институции за „премолчена дозвола“ на опасното возење.

Жителите посочуваат дека сите досегашни обидa да се постават успорувачи биле саботирани: „Во три часот по полноќ со копачи ги корнат и со камиони ги отстрануваат,“ стои во објавата. Тие официјално побараа од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веднаш да постави лежечки полицајци и засилена полициска контрола.

Од претендетот за иден градски татко на Скопје засега нема одговор на тревожниот апел. Доколку не се интервенира, жителите најавуваат дека секој следен инцидент ќе го сметаат за „директна одговорност“ на општината.

Зачлени се на нашиот е-билтен