Наталија Ходемчук, 73-годишната вдовица на Валериј Ходемчук, првата жртва од нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, трагично загина во руски напад со дронови врз Киев во ноќта помеѓу 14 и 15 ноември.
Според Државната агенција за управување со исклучената зона, нејзината станбена зграда во киевската населба Тројешчина беше погодена и целосно изгоре, а Наталија здоби тешки повреди и беше итно пренесена во Центарот за изгореници. Лекарите, за жал, не успеаа да го спасат нејзиниот живот.
Со оваа трагедија бројот на загинати во нападот на Киев се искачи на седум, додека најмалку 36 лица се повредени, а штета е забележана во девет градски квартови.
Since last night, our emergency services have been working at the sites of the Russian strikes. A wicked attack – as of now, we know of dozens of wounded, including children and a pregnant woman. Sadly, four people have been killed. My condolences to their families and loved… pic.twitter.com/eViqEyU8sX
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 14, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече смртта на Наталија „нова трагедија предизвикана од Кремљ“ и истакна дека Украинците кои преживеале Чернобил повторно се соочуваат со терор од државата агресор. Тој апелираше за повеќе системи за противвоздушна одбрана и за поголема поддршка од меѓународните партнери за да се заштитат животи и основното право на безбедност на украинските семејства.
Првата жртва на Чернобил
Нуклеарната катастрофа во Чернобил се случи на 26 април 1986 година и останува најразорната нуклеарна несреќа во историјата. Валериј Ходемчук загина во експлозијата и се смета за првата жртва. Неговото тело никогаш не е пронајдено, а споменик му е поставен во саркофагот на електраната.
Наталија Ходемчук цел живот го чуваше сеќавањето на својот сопруг, редовно ја посетуваше електраната, споменикот посветен на него и неговиот симболичен гроб. Таа остави две деца и внуци, на кои им го пренесе наследството од фотографиите, приказните и сеќавањата на Чернобилската трагедија.

Според Светската здравствена организација, околу 4.000 луѓе починале од последиците на Чернобил, вклучувајќи жртви од акутни симптоми на зрачење, рак на тироидната жлезда и леукемија.

