Денеска протестираат транспортери кои возеа за поранешно „Фени“. Бараат исплата на два милиона и сто илјади евра, изјави Трајче Пеовски, претседател на Здружението „Киперски транспортери“ – Кавадарци.
На мирниот протест денеска во центарот на Кавадарци, транспортерите дојдоа со своите товарни возила.
Пеовски појасни дека ова е мирен протест на транспортерите кои возеа за поранешно „Фени“, барајќи си ги парите. Тој рече дека причината за овој мирен протест е наплатата на нивните побарувања по основ на извршен превоз кон „Еуроникел индустри“ во стечај, како и директното влијание на банката во стечајната постапка.
– Ни беше ветено дека ќе се изнајде решение за решавање на нашиот проблем, но, до ден денес, нема ништо од тоа. Ова е организиран мирен протест за да го искажеме нашето незадоволство, нагласи Пеовски.
Спорд информации на Рацин.мк проблемот со исплатата настанала заради намерата на Комерцијална банка да не ја продаде фирмата Еуроникел, претходниот сопственик на Фени, на новата турска компанија, туку само опремата. Со тиа долговите на Еуроникел кон вработените и доверителите остануваат кај оваа компанија и нема да бидат обврска на новиот инвеститор.
Токму ова ги загрижи транаспортерите кои денеска излегоа на штрајк кои велат дека се изневерени од градоначалникот ка Кавадарци Митко Јанчев кој во март оваа година вети дека тој, заедно со ВМРО-ДПМНЕ го решил проблемот со фабриката и дека на сите засегнати страни, вработени, доверители, меѓу кои и траснпортерите, ќе им бидат исплатени долговите.
„Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и за тоа се залагаме“, викна Јанчев на еден од митинзите на ВМРО-ДПМНЕ.
Транспортерите во штрајк денеска рекоа дека бараат средба со надлежните во државата, за изнаоѓање решенија за решавање на нивниот проблем.
– Ние нема тука да застанеме, туку во периодот што следува ќе ги радикализираме нашите протести на повеќе локации во градот и државата, се до остварување на нашите барања, истакна Пеовски.
Најавен е протест и пред Комерцијална банка.