Градежните работи ќе започнат во 2026 година, а предавањето на првата фаза на објектот, кој може да опслужува 34 милиони патници годишно, е планирано за 2032 година.
По неизвесната ситуација по промената на власта во Полска, реномираното британско архитектонско биро Фостер + Партнер достави планови за транспортниот центар CPK (Centralny Port Komunikacyjny), малку изменети во однос на претходните, пишува порталот Авио прес.
Терминалот од 450.000 метри квадратни ќе може да прими најмногу 11.000 патници на час. Првично ќе има 140 шалтери за пријавување на патници и багаж, кои подоцна ќе се прошират на 170.