Видеото го демантира директорот на српската полиција: Полицијата ги нападна граѓаните (ВИДЕО)

Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, ги осуди нападите врз полицијата. Тој изјави дека претходно предупредиле дека нема да дозволат насилство и конфликти, но дека дел од граѓаните не го почитувале тоа.
„Групи од стотици луѓе отидоа кон полицискиот кордон. Таа го зајакна и сакаше да им даде до знаење на граѓаните дека нема да поминат. Предупредувањата не дадоа резултати. По нападот, кој траеше пет до шест минути, полицијата интервенираше и ги премести граѓаните. Некои медиуми објавија дека полицијата користела хемиски средства, тоа не е вистина“, рече Васиљевиќ.

Тој изјави дека полицијата морала да интервенира на неколку места.

„Граѓаните не ги слушаа наредбите. Беше употребена минимална сила за да бидат спречени оние што ја напаѓаат полицијата, ја напаѓаат државата, да го сторат тоа“, рече директорот на полицијата и додаде дека десетици демонстранти биле приведени.

Сепак, видеата објавени на социјалните мрежи нудат поинаква слика.

Тие покажуваат дека граѓаните се обиделе да ја пропуштат амбулантната кола што доаѓала да му помогне на повредениот полицаец.

Репортерката на Н1 објави дека демонстрантите ја пропуштиле амбулантната кола со екипата што требало да му помогне на повредениот полицаец. Видеото објавено на социјалните мрежи го потврдува истото.

Зачлени се на нашиот е-билтен