Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео во живо] Започна 30-тиот Конгрес на СДСМ

Започна 30-тиот Конгрес на СДСМ, кој е најавен како конгрес „За промени“.

На конгресот се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови на највисоките тела, како и на Централниот и Надзорниот одбор.

Портпаролката на партијата Богданка Кузеска вчера информираше дека конгресот има отворен и работен дел, а ќе се разговара за идните политики на партијата.

Како што беше најавено, на отворениот дел од конгресот ќе се обрати претседателот на партијата, Венко Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен