Виетнам под удар на Калмаеги, тајфунот што веќе однесе над сто животи

Силните ветрови и обилните дождови предизвикаа хаос во централниот дел на земјата — затворени аеродроми, прекинато снабдување со струја и илјадници во опасност.

Тајфунот Калмаеги денеска го погоди брегот на Виетнам, откако претходно ги опустоши Филипини.

Виетнамските централни провинции Дак Лак и Џа Лај се погодени од обилни дождови и ветер со брзина до 149 километри на час.

Тајфунот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се шест аеродроми и откажани се стотици летови. Околу 268.000 војници се во состојба на готовност за да помогнат во спасувачките операции.

Тајфунот Калмаеги е 13-та бура што во погоди Виетнам оваа година.

Претходно, Калмаеги на Филипини усмрти 114 луѓе и предизвик аголема материјална штета.

Зачлени се на нашиот е-билтен