Викенд временска прогноза

Во Македонија викендов и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, со локални врнежи од дожд со послаб интензитет, соопшти УХМР. Според прогнозата, нов поизразен бран врнежи се очекува во текот на ноќта кон среда и во среда.

УХМР најавува дека во недела и во среда ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието ветерот ќе биде засилен. Во делови од земјата викендов ќе има и релативно постудено време, а на повисоките места и на планините врнежите повремено може да бидат мешани или да преминат во снег.

Денешната прогноза веќе најави облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои на места може да бидат и пообилни, над 20 литри на метар квадратен, со услови за ретки грмежи. Во Скопје исто така се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Зачлени се на нашиот е-билтен