Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Викендов почнува зимско сметање на времето

Викендов почнува зимското сметање на времето. Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 27-ми октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.
Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку предности.

Зимското сметање на времето носи свои проблеми

Иако биоритамот полесно се приспособува на поместување на часовникот назад отколку напред, сепак, несоницата и понатаму останува како најчеста нус-појава.

Експертите за спиење тврдат дека луѓето потешко се прилагодуваат на летното, отколку на есенското поместување на часовниците, заради губењето еден час сон. Организмот многу полесно го поднесуува преминот кон зимското сметање на времето, поради малку подолгиот сон. Шведски научници утврдиле дека бројот на срцеви удари опаѓа во неделата кога се преминува на зимско сметање на времето, додека пак стапката на срцеви удари расте на пролет кога се преминува на летно сметање на времето.

Сепак дополнителниот час спиење при преминувањето на зимското сметање на времето, го добиваат само мал број лица. Многумина се будат порано, се будат неколку пати во текот на ноќта и имаат неквалитетен сон. Најголем проблем имаат лицата кои спијат помалку од седум часа.

Поместувањето на часовникот може да ја наруши хормоналната слика што предизвикува низа тегоби како што се мигрени, нервоза и депресија. Поради враќање на часовникот наназад, луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики.

Освен редовно вежбање и избегнување тешки оброци, важно е да воспоставите ритам на спиење. Ако порано сте легнувале во 23 часот, сега е најдобро да заминете на спиење во 22 часот.

Одбегнувајте ги попладневните дремки зашто телото ќе мисли дека времето не се променило и приспособувањето ќе оди потешко и побавно.

И уште нешто – не заборавајте на витаминот Д, кој е многу важен за здравјето, а спречува и остеопороза, депресија… Затоа запомнете дека во зима, поради недостаток на сончева енергија, може да се појави негов недостаток.

Во исхраната вклучете намирници како риба, жолчки од јајца, сирење, млечни производи.

Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март.

Зачлени се на нашиот е-билтен