Секоја година на крајот на септември се одбележуваат „Деновите на Европскиот зелен појас“, иницијатива за зачувување на зелениот коридор што се протега долж поранешната „Железна завеса“ во Европа односно низ 24 земји. Станува збор за појас долг 12.500 km којшто се протега од Баренцовото Море па се на Север до Јадранот и којшто е карактеристичен за богат екосистем и нераскинлива врска меѓу природата и луѓето.

Овој септември во рамки на Европските денови на зелениот појас ја славиме силата и креативноста на руралните жени и младите односно организираме два последователни настани во Преспа на 26 и 27 септември. Идејата е младите и руралните жени од Дебар да разменат искуства за одржливи мали бизниси со Рурални жени од Преспа и фармата Spirit of Prespa, а воедно да се придружат и на фестивалот „Преспанскиот Јаболкобер“ со продажба на свои локални производи и рачни изработки“, изјави Фросина Пандурска-Драмиќанин, проектен координатор од Здружението за зачувување на агробиодиверзитетот, рурален развој и природа АКОРН Скопје.

Активностите се спроведуваат во рамки на проектот„Зајакнување на руралните жени од Дебарскиот регион преку креирање мали одржливи бизниси поврзани со традиционални производи“ поддржан од проектот BESTbelt, што е финансиски поддржан од Европската Унија.

Инаку за илустрациите на локалните производи од Дебар се вклучија волонтери од Ателјето 49 водено од Маја Танева и истите учествуваа и на настаните во Преспа вклучувајќи се во креативни активности што го слават богатството на природата и културата долж Евроскиот зелен појас односно Преспанскиот и Дебарскиот регион.