Виктор Орбан, премиер на Унгарија од 2010 година, ја трансформираше својата земја преку контроверзни законски промени и политики што често го ставаат во конфликт со Европската унија. Роден во 1963 година во Секешфехервар, Орбан ја започна политичката кариера како основач на партијата Фидес и стана симбол на антикомунистичката генерација со својот говор во Будимпешта во 1989 година.
Првпат премиер од 1998 до 2002 година, Орбан од 2010 е повторно на власт, применувајќи повеќе од 40 законски измени кои го менуваат изборниот систем, институциите и медиумите. Критичарите го опишуваат неговиот режим како „хибриден со елементи на автократија“, додека тој својот модел го нарекува „нелиберална демократија“.
Неговите политики често го ставаат во конфликт со ЕУ, особено поради ставовите околу Украина и блиските односи со Владимир Путин. Во 2015 година Орбан ја затвори границата со Србија и воведе строги мерки против миграцијата. Неговите кампањи против невладини организации и Џорџ Сорос предизвикаа остри реакции во Брисел.
И покрај поддршката од десничарски партии во светот, Орбан се соочува со растечко домашно незадоволство. Анкетите пред парламентарните избори на 12 април 2026 година покажуваат дека водство зема неговиот поранешен соработник Петер Маѓар, што претставува најголем предизвик во неговата политичка кариера.