Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Винора ДООЕЛ ќе ја прави новата компресорската станица на Клиниката за хирургија

Министерството за здравство информира дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда, која е единствената компанија што се пријави на вториот тендер за набавка, монтажа и пуштање во работа на системот за компримиран воздух кој ќе ги снабдува сите клиники. По периодот на жалба, ќе биде потпишан и договорот информираат од Министерството за здравство.

Рокот за инсталирање на новите пумпи за кислород е четири месеци.
Тоа значи дека на почетокот на 2025 година операционите сали ќе почнат нормално да функциониораат. Проценетата вредност на набавката е над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.

“Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од четири месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот оглас” велат од Министерството за здравство.

Според Таравари проблемот со операционите сали бил надминат со користењето надворешни компресори и повеќето клиники добро функционирале.

Инаку,целиот товар од долгото неработење на хируршките сали на Клиничи падна врз вработените во ГОБ 8 ми септември и Старата градска болница, кои ги одложија веќе планираните операции за да ги прифатат итните пациенти, не само од Скопје туку и од другите градови.

Хаваријата со хирушките сали се случи пред пет месеци, иако пред три години од Заеднички служби било алармирано дека треба да се промени компресорската станица тогашниот министер за здравство Венко Филипче тоа не го направил.

Според официјалната страница на компанијата, Винора ДООЕЛ е основана во 1997 година во Скопје и „преку своето долгогодишно работење и искуство постојано нуди нови решенија за опремување на болници и го подобрува квалитетот на работите и услугите кои ги нуди“.

Најново