Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Виолета“ од Изабел Аљенде, најчитаната авторка на шпански, сега и на македонски јазик

Станува збор за епски роман за Виолета дел Ваље, чиј живот, долг еден век, го опфаќа времето на најголемите историски настани на XX век, во светот и во нејзината земја од Латинска Америка – Големата депресија, Втората светска војна, диктатури, природни катастрофи, две светски пандемии, и тоа на „шпанскиот грип“ при нејзиното раѓање во 1920 година и на коронавирусот при нејзината смрт во 2020 година.

Преку долго писмо упатено на саканиот внук Камило ги опишува најважните моменти што го обележале нејзиниот живот: страсните романси и љубовни разочарувања, моментите на болка и на страв, времињата на сиромаштија и на богатство, на тешки лични трагедии и на голема среќа. Но врз нејзиниот живот не влијаат само личните и историските настани. Него го обликуваат и поддршката на женските организации за борбата за женските права и борбата против семејното насилство.

Авторката Изабел Аљенде е внука на поранешниот чилеански политичар, Салвадор Аљенде. Преводот е на Виолета Јагев, а книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура и спорт на Шпанија.

За авторката: Изабел Аљенде (1942) е чилеанска писателка. Повеќе од триесет години била посветена на новинарството, социјалните активности и на правата на жените, од каде што црпи инспирација за своите дела,кои содржат аспекти од магичниот реализам. Споредувана е со Кафка и со Маркес. Во 2004 година била примена во Американската академија за уметности и книжевност, а во 2010 година ја добива Националната награда за литература на Чиле. Претседателот Барак Обама ѝ го доделува Претседателскиот медал на слободата во 2014 година. Живее во Калифорнија, САД. „Куќа на духови“ е втора нејзина книга во превод на македонски, по „Долга реса крај морето“.

За преведувачката: Виолета Јагев (родена 1953) е дипломиран инженер технолог и преведувач од шпански јазик. Живеела во Перу 17 години, каде што на шпански јазик завршила основно и средно образование и првите две години на факултетот за петрохемија. Дипломирала на Технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со преведување се занимава од 1979 година и има над 40 книжевни преводи. Добитник е на наградата за превод „Ванѓа Ча­шуле“  во 2012 година и на наградата „Кирил Пејчиновиќ“ за преве­дувачкиот опус во 2017 година на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи.

Зачлени се на нашиот е-билтен