Најголемиот спортски настан во земјата се враќа на 5 октомври: Виз Ер Скопски маратон 2025 ги отвори пријавите за сите што сакаат да трчаат и да бидат дел од заедништвото што го носи спортот. Организаторите потсетуваат дека маратонот одамна е повеќе од трка – симбол на нов почеток, лична трансформација и дисциплина – под мотото „Трчањето ќе те промени“.
Учесниците можат да изберат меѓу маратон (42,195 км), полумаратон (21,097 км), штафетен „ЕУ за спорт“ и трката на 5 км. Последен рок за регистрација е 19 септември. Сите што ќе се пријават до 29 август ќе добијат маица со логото на трката, а имињата на стартните броеви ќе бидат печатени за пријавите до 10 септември.
Стартните пакети нудат бенефити според дисциплината: за маратон и полумаратон се предвидени и ваучери од 20 евра од Wizz Air, како и торбица, бесплатни фотографии, медал на цел, освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување од несреќен случај за време на настанот и подароци од партнерите. Пријавувањето се врши исклучиво онлајн преку официјалната страница на Скопски маратон.