Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, за таа цел, Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Федералниот департман за надворешни работи, преку Амбасадата на Швајцарија, Швајцарската агенција за развој и соработка (Швајцарска амбасада) и Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС) ќе потпишат анекс 4 на Договорот за спроведување на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.
Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Македонија, преку обезбедување на специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално планирање, финансиското планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување на средства од меѓународни фондови.