Владата ги намали акцизите на горивата

На денешната вондредна седница, Владата донесе одлука за намалување на акцизите на горивата за четири денари за дизелот, односно за два денари за бензините.

Со ова, според премиерот Христијан Мицкоски се спречува нов ценовен шок и големо поскапување на дизелот.

„Доколку не се случеше ова намалување на акцизата тогаш литар дизел ќе беше отприлика 102 денари, можеби и над 102 денари така велат нашите калкулации, бидејќи берзата се затвори во четврток поради Велигденските празници и ќе се рестартира во вторник, а безоловните бензини 95 и 98 октански ќе беше поголем за 1,5 до 2 денари. Со ова намалување исто така ние имаме практично цена којашто ќе бидат минусирани 4 денари кај дизелот за литар, односно 2 денари кај безоловните бензини 95 и 98 октански“ порача Мицкоски.

Тој додаде и дека намаленото ДДВ на горивата на 10% останува во сила до 20 април, до кога на сила е и кризната состојба.

„Бидејќи поминаа оние две недели од како беше намалена стапката од ДДВ од 18 на 10 проценти сакам да ја информирам јавноста дека ја продолжуваме до крајот на кризната состојба којашто отприлика околу 20 април треба да истече, значи продолжуваме намалената стапка на ДДВ од 18 на 10 проценти“ рече Мицкоски.

Премиерот додаде и дека државните резерви се стабилни и нема потреба од дополнителни интервенции.

Зачлени се на нашиот е-билтен