Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата го именуваше Владимир Ангелов за нов директор на Агенцијата за филм

Како што дознава 24инфо.мк денеска на седница на Владата разрешен е досегашниот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски поради истек на мандатот.

За нов директор Владата го именува Владимир Ангелов.

Претходно, Владата објави Јавен оглас бр.06/2024 за именување на директор на Агенцијата за филм, во дневните весници „Слободен печат“ „Вечер“и „Коха“, во изданијата кои излегуваа на 18.1.2024 година (четврток) рок 15 дена, до 1.2.2024година.

На огласот пристигнати биле три апликации, од Бојан Лазаревски, Гена Теодосиевска и Владимир Ангелов.

Ангелов, досегашен директор на Кинотеката на Северна Македонија, е дипломиран продуцент. Во Кинотеката работи од 1995 г. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор, а кон крајот на 2018 г. е именуван за директор на Кинотеката. 10 години (2006 – 2017) е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија…

Најново