Владата го награди Ралповски со функција откако ги напушти синдикалците

Фото: Принт скрин/ Лидер.мк

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски, е избран за нов член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Именувањето, според објавените информации, е направено со владина одлука донесена на седница на 3 февруари.

Неколку дена подоцна, Ралповски и Трпе Деановски, како претставници на синдикати во јавниот сектор, постигнале договор со Владата за потпишување поединечни колективни договори, со кои вработените во управата и правосудството би добиле методологија за раст на платите.

Но, реакцијата дојде од првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, кој тврди дека Ралповски е „награден“ со позиција затоа што не излегува на протести за повисоки плати. Трендафилов јавно ги повика медиумите да бараат одговори како се делат вакви функции и со каква логика се третира синдикалното претставување во институциите.

Зачлени се на нашиот е-билтен