Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата го утврди текстот на Предлог-националната стратегија за развој на културата до 2027 година

Предлог – националната стратегија за развој на културата со Акциски план за периодот 2023-2027 година беше усвоена на денешната владина седница.

Притоа, како што информираат од владината прес-служба, донесена е одлука да се достави до Собранието на Република Северна Македонија на усвојување.

Предлог – националната стратегија за развој на културата со Акциски план 2023 – 2027 година, според предлагачот, Министерството за култура, е стратегиски документ со којшто се утврдуваат среднорочни цели и приоритети за развој на културата во Република Северна Македонија. Тоа е основен стратегиски документ за областа култура, како за работа на Министерството за култура, така и за други субјекти коишто дејствуваат на полето на културата.

Во документот, како што поочуваат од Владата, се констатира доминантен впечаток дека институционалната култура, во споредба со минатото, е поотворена, поконкурентна и насочена да стане активен и препознатлив учесник во регионалната, европската и во светската култура и во таа насока се утврдени и предлог приоритетите во документот до 2027 година

Зачлени се на нашиот е-билтен