Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата именува пет нови директори: Клековски во ФЗО, Пандов во Управа за извршување на санкции

Владата денеска на седница донесе повеќе одлуки, меѓу кои одлуката за укинување на економските директори на Клиниките, но и за именување на раководни кадри на пет државни институции.

На позицијата вд директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски, а за нов вд директор на Управата за извршување на санкции е назначен Александар Пандов.

За вд директор на Фондот за здравствено осигурување, Владата го назначи Сашо Клековски, а за вд директор на Агенцијата за храна и ветеринарство е назначен Оливер Миланов. Владата му препорача на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ да го избере Здравко Трајанов за вд директор на „Национални шуми“.

Зачлени се на нашиот е-билтен