Владата именуваше повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата информира дека на денешната 131 седница постапила по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.

„Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Во однос на истото, согласно член 134 став 2 од Изборниот законик Владата за повереници за вршење на работите од надлежност на градоначалник за наведените општини ги именува:

Онер Јакупоски за повереник за Општина Маврово Ростуше; Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа; Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар“ велат од владината прес служба.

Оттаму, додаваат дека согласно член 134 став 3 Владата ќе го извести претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

Зачлени се на нашиот е-билтен