Две недели чекаат граѓаните да биде објавена есенската кошничка со целосна листа на производи кои треба да бидат со намалени цени или со ограничени маржи, но таа ќе биде објавена дури следната недела.
И додека се чекаат новите мерки на владата и законот за фер трговија кој го донесе старата влада, Организацијата за заштита на правата на потрошувачите испрати јасна порака, во која се наведува дека не е потребана политика туку волја да се помогне на граѓаните. Храната мора да поевтини, а трговците мора да се контролираат, бидејќи состгојбата со зголемувањето на цените на основните прехранбени производи станува неподнослива.
Министерството за економија ги заврши пресметките и на Владата и го достави предлогот за есенската потрошувачка кошничка, но сепак гласањето остана за следнатата недела. Како што се очекува на 29 септември треба да почне и примената на Законот за нефер трговски практити, но нејасно емкоја мерка попрво ќе се применува и кој ќе го контролира тоа.
Планот е профитните маржи на компаниите да се замрзнат на 10%, но економистите велат дека се потребни повеќе мерки бидејќи трговците секогаш ќе се стремат кон повисоки цени.
Министерот за економија објасни дека ниските цени во рамки на есенската потрошувачка кошничка ќе важат еден месец, а слични кошнички ќе има и за Божиќ и за Рамазан.
Пред да се донсе одлукатаб Дурмиши се сретнал и со претставници на стопанските комори и со трговците и со производителите, но нема детали дали и што е договорено, сепак според досегашните одлуки јасно е дека бизнис секторот и трговците ги диктираат условите.
Мерката, според најавите, треба да трае еден месец, а дали ќе продолжи да се применува, дополнително ќе се одлучува.
Неизвесно е и што ќе се случува со Законот за нефер трговски практики кој треба да стапи на сила за 10-тина дена и се очекува да стави крај на проблемите со цените. Според неофицијалните информации неговата примена ќе започне на 29-ти септември
Над 2500 прехранбени производи ќе имаат маржа до 10 отсто. На тој начин трговците нема да може да заработуваат на грбот на граѓаните. Добар дел од маркетите имаа производи со маржи и до 50 отсто. Надлежните најавуваат дека континуирано ќе се следат цените во тговијата со храна и инспекторите нема да имаат милост.
Опозицијата пак обвинува дека власта се изгуби во првите 100 дена од своето владеење. Сите мерки кои досега ги најави се задоцнети, а есенската кошника која ја вети ќе стане зимска.