Владата на итна седница ќе одлучува за ублажување на цените на горивата

Србија

Владата на Македонија денеска од 11 часот ќе одржи вонредна седница.

Како што најави премиерот Христијан Мицкоски, на седницата ќе се носат одлуки за ублажување на растот на цените на горивата.

Според најавите на Мицкоски, ќе се намалат акцизите на горивата, за 4 денари по литар за дизел горивото, и за два денари по литар за бензинот.

Тоа, според него треба да придонесе дизелот да не се покачи, а цените на безнините дури и симболично да се намалат, за половина до еден денар.

Конечната одлука за цените утре ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Зачлени се на нашиот е-билтен